1 Јован 4:1-7 MK2006D

1 Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.

2 По ова распознавајте Го Божјиот Дух и духот на лагата. Секој дух што признава дека Исус Христос дошол во тело, од Бога е.

3 А секој дух, што не признава дека во тело дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на Антихристот, за кого сте слушале дека доаѓа, па и сега е веќе во светот.

4 Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е по­голем од оној што е во светот.

5 Тие се од светот, затоа и световно зборуваат, а светот ги слуша.

6 Ние сме од Бога. Кој Го познава Бо­га, нѐ слуша нас; кој не е од Бога, нас не нѐ слуша. По тоа и го познаваме Духот на вистината и духот на заблудата.

7 Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога, и секој, кој љуби, е роден од Бога и Го познава Бога;