1 Јован 5:4-10 MK2006D

4 Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша.

5 Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји?

6 Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина.

7 Зашто Тројца се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно.

8 И Тројца се, Кои сведочат на земјата: духот, водата и крвта; и тие три се во едно.

9 Ако го примаме човечкото све­дош­тво, Божјото сведоштво е поголемо, би­дејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син.

10 Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син.