1 Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, благодат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!
2 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано,
3 го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.
4 Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,