1 Солуњаните 2 MK2006D

Мисионерската активност на Павле во Солун

1 Вие сами знаете, браќа, дека наше­то доаѓање кај вас не беше залудо;

2 напротив, откако пострадавме и бев­ме поругани во Филипи, како што зна­ете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Еван­ге­лие со тешка борба.

3 Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,

4 туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборува­ме – не за да им угодуваме на луѓето, ту­ку на Бога, Кој ги испитува срцата на­ши.

5 Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!

6 И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други,

7 иако можевме и да се наметнеме ка­ко Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца.

8 Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Еван­гелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги.

9 Спомнете си браќа за нашиот труд и мака: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го про­поведавме Евангелието Божјо.

10 Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате.

11 Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,

12 ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава.

Пофалување на верата на Солуњаните

13 Затоа и непрестано Му благодариме на Бога, зашто, откако го при­мив­те словото Божјо од нас, го при­мив­те не како слово човечко, туку – како што е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои верувате.

14 Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците

15 што ги убија Господ Исус и пророците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат;

16 тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.

Павле посакува повторно да ги види Солуњаните. Испраќањето на Тимотеј

17 А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема жел­ба се грижевме да ве видиме.

18 Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дој­де­ме кај вас; но нѐ попречи сатаната.

19 Зашто, кој е нашата надеж или ра­дост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Хрис­тос при Неговото доаѓање?

20 Да, вие сте нашата слава и радост!

поглавја

1 2 3 4 5