1 Солуњаните 1 MK2006D

Поздрав

1 Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, бла­годат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!

Животот и верата на Солуњаните

2 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во мо­лит­вите наши, непрестано,

3 го споменуваме делото на вашата ве­ра, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.

4 Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,

5 зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас заради вас.

6 И вие се угледавте на нас и на Гос­под, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,

7 така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.

8 Зашто од вас одекна словото Гос­по­дово не само во Македонија и Ахаја, ту­ку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.

9 Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистин­ски Бог,

10 и да Го очекувате од небесата Него­виот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гне­вот што доаѓа.

поглавја

1 2 3 4 5