1 Солуњаните 3 MK2006D

1 Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде добро во Атина да останеме сами,

2 и го испративме Тимотеј, нашиот брат и слугата Божји, и нашиот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера,

3 та никој да не се поколеба во тие маки; зашто сами знаете дека затоа сме определени.

4 Бидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.

5 Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ва­ша да не би ве искушал некако Иску­шу­вачот, та да отиде залудо нашиот труд.

6 Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас,

7 ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;

8 зашто ние сега живееме, кога вие стоите во Господ.

9 Каква благодарност, навистина, мо­жеме да Му воздадеме на Бога за вас за сета радост со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,

10 кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што ѝ недостига на вашата вера?

11 А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го насочи патот наш право кон вас!

12 Вам, пак, Господ да ви даде да рас­тете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас,

13 и да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии! Амин!

поглавја

1 2 3 4 5