1 Вие сами знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас не беше залудо;
2 напротив, откако пострадавме и бевме поругани во Филипи, како што знаете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Евангелие со тешка борба.
3 Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,
4 туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборуваме – не за да им угодуваме на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува срцата наши.
5 Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!
6 И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други,
7 иако можевме и да се наметнеме како Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца.