14 Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците
15 што ги убија Господ Исус и пророците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат;
16 тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.
17 А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема желба се грижевме да ве видиме.
18 Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дојдеме кај вас; но нѐ попречи сатаната.
19 Зашто, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Христос при Неговото доаѓање?
20 Да, вие сте нашата слава и радост!