5 Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ваша да не би ве искушал некако Искушувачот, та да отиде залудо нашиот труд.
6 Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас,
7 ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;
8 зашто ние сега живееме, кога вие стоите во Господ.
9 Каква благодарност, навистина, можеме да Му воздадеме на Бога за вас за сета радост со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,
10 кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што ѝ недостига на вашата вера?
11 А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го насочи патот наш право кон вас!