3 Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство,
4 и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост,
5 а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога,
6 и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано.
7 Зашто Бог не нѐ повика кон нечистота, туку во светост.
8 А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.
9 За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, зашто вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг,