1 А за времињата и часовите, браќа, нема потреба да ви се пишува,
2 бидејќи вие самите многу добро знаете: денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време.
3 И додека уште велат: „Мир и безбедност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат.
4 Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да може да ве затече како крадец.
5 Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.
6 И така, да не спиеме како и другите, туку да бидеме будни и трезни.