6 И така, да не спиеме како и другите, туку да бидеме будни и трезни.
7 Зашто оние што спијат, ноќе спијат, и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.
8 Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и облечени во оклопот на верата и љубовта и шлемот на надежта за спасение,
9 зашто Бог нѐ определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,
10 Кој умре за нас, та ние да живееме заедно со Него, било кога сме будни, или кога спиеме.
11 Поради тоа утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг онака како што и правите!
12 И ве молам, браќа, да ги уважувате оние што се трудеа меѓу вас, и ве водат во Господ, и оние кои ве утешуваат.