9 зашто Бог нѐ определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,
10 Кој умре за нас, та ние да живееме заедно со Него, било кога сме будни, или кога спиеме.
11 Поради тоа утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг онака како што и правите!
12 И ве молам, браќа, да ги уважувате оние што се трудеа меѓу вас, и ве водат во Господ, и оние кои ве утешуваат.
13 И кон нив да имате преголема љубов заради нивното дело. Живејте во мир меѓу себе!
14 Браќа, ве молам, поучувајте ги неуредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.
15 Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!