12 за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос.
13 Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух.
14 Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.
15 Ете, затоа и јас, кога слушнав за вашата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии,
16 постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,
17 та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,
18 и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,