Ефесјаните 2 MK2006D

Од смрт во живот

1 И вас, кои бевте мртви поради ва­шите престапи и гревови,

2 во кои живеевте некогаш според животот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието,

3 меѓу кои и ние сите некогаш живе­евме според телесните желби, из­вр­шу­вајќи ги похотите на телото и на по­мис­лите, и по природа бевме како и дру­ги­те, чеда на гневот.

4 Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ за­сака,

5 иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христа,

6 и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,

7 за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.

8 Зашто по благодат сте спасени пре­ку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји!

9 Не е од дела, за да не се пофали не­кој.

10 Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.

Едно во Исус Христос

11 Затоа помнете, вие, кои некогаш по тело бевте незнабошци, и наречени не­обрезани од таканаречените обрезани со телесно обрезание, правено со раце,

12 дека во она време бевте без Хрис­та, отстранети од општеството на Из­раил, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот;

13 но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.

14 Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив,

15 откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на запо­ве­дите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир,

16 и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уништи непријателството во себе.

17 И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски,

18 зашто преку него и едните и дру­ги­те имаме пристап кај Отецот во еден Дух.

19 И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство,

20 зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос,

21 врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господ;

22 врз Кого и вие ќе се соѕдате во живеалиште Божјо преку Духот.

поглавја

1 2 3 4 5 6