Ефесјаните 1:13-19 MK2006D

13 Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух.

14 Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

15 Ете, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии,

16 постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,

17 та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,

18 и да ги просвети очите на срцата ва­ши за да увидите во што се состои на­дежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,

19 и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила.