20 Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата,
21 повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,
22 и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,
23 која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.