4 така што и нѐ избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,
5 предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја,
6 за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син,
7 во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата благодат.
8 Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум,
9 откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано
10 во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос.