14 Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив,
15 откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на заповедите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир,
16 и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уништи непријателството во себе.
17 И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски,
18 зашто преку него и едните и другите имаме пристап кај Отецот во еден Дух.
19 И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство,
20 зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос,