3 меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот.
4 Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака,
5 иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христа,
6 и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,
7 за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.
8 Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји!
9 Не е од дела, за да не се пофали некој.