4 Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака,
5 иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христа,
6 и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,
7 за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.
8 Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји!
9 Не е од дела, за да не се пофали некој.
10 Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.