9 Не е од дела, за да не се пофали некој.
10 Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.
11 Затоа помнете, вие, кои некогаш по тело бевте незнабошци, и наречени необрезани од таканаречените обрезани со телесно обрезание, правено со раце,
12 дека во она време бевте без Христа, отстранети од општеството на Израил, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот;
13 но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.
14 Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив,
15 откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на заповедите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир,