3 односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и погоре ви напишав накратко.
4 Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христа,
5 која, на синовите човечки од поранешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апстоли и пророци преку Светиот Дух,
6 за да бидат и незнабошците сонаследници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието,
7 на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.
8 Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го проповедам на незнабошците неискажливото богатство Христово,
9 и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,