9 и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,
10 та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни,
11 според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Господ,
12 во Кого, преку верата во Него, имаме слобода да се доближуваме со доверба.
13 Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.
14 Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,
15 од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,