8 Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“
9 А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата.
10 Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.
11 И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители,
12 за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,
13 додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота,
14 та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда.