1 И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени,
2 и живејте во љубов, како што и Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис.
3 А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,
4 ниту, пак, срамни и будалести зборови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност.
5 Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог.
6 Никој да не се мами со празни зборови; зашто поради нив доаѓа гневот Божји врз синовите на непокорноста;