12 Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува.
13 А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.
14 Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“
15 Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри;
16 ползувајте го времето, зашто дните се лукави.
17 Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја!
18 И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух.