20 благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Христос;
21 покорувајте се еден на друг во страхопочит Божји.
22 Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ,
23 зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.
24 Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ.
25 Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа,
26 за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;