6 Никој да не се мами со празни зборови; зашто поради нив доаѓа гневот Божји врз синовите на непокорноста;
7 затоа, не станувајте нивни соучесници.
8 Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!
9 Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито –
10 одлучете се за она што Му е мило на Бога!
11 Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!
12 Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува.