13 Би сакал да знаете, браќа, дека многупати бев на мисла да дојдам кај вас, да имам некаков плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи, но сѐ досега бев попречуван.
14 Должник сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните.
15 Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.
16 Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.
17 Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“
18 Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.
19 Па така, она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го открил.