Римјаните 16 MK2006D

Лични поздрави

1 Ви ја препорачувам нашата сес­тра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја:

2 примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене.

3 Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,

4 кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообрате­ните незнабошци и нивната домашна црква.

5 Поздравете го мојот возљубен Епе­нет, кој е првиот плод во Христос во Ахаја.

6 Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.

7 Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови.

8 Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат!

9 Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј!

10 Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство!

11 Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ.

12 Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ.

13 Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка!

14 Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив!

15 Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии!

16 Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!

17 Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив!

18 Зашто таквите не Му служат на на­шиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.

19 Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доб­рото и прости во злото.

20 А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!

21 Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар.

22 Ве поздравувам во Господ и јас Тер­циј, кој го напиша ова послание.

23 Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт.

24 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16