14 Должник сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните.
15 Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.
16 Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.
17 Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“
18 Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.
19 Па така, она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го открил.
20 И навистина, она што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано според Неговите дела, па така тие немаат изговор.