Римјаните 1:21-27 MK2006D

21 Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи;

22 тврдејќи дека се мудри, тие обезумија,

23 и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи.

24 Затоа и Бог, според желбите на срцата нивни, ги предаде на нечистота, па сами да си ги обесчестуваат своите тела.

25 Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Соз­да­те­лот, Кој е благословен во вечни векови. Амин!

26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните пот­реби ги заменија со противприродни.

27 И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.