Римјаните 1:26-32 MK2006D

26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните пот­реби ги заменија со противприродни.

27 И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.

28 И бидејќи не се обидоа да Го задржат Бога во разумот свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега,

29 исполнети со секаква неправда, блудство, лу­кавство, алчност, злоба; полни со за­вист, убиства, кавги, измами, злонамерност;

30 озборувачи, клеветници, богомрасци, насилници, фалбаџии, горделивци, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,

31 неразумни, неверни, недружељуби­ви, непомирливи, немилостиви.

32 Тие, иако ја познаваат праведната одредба Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонак­ло­нети и кон оние што ги вршат.