1 Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израил е за негово спасение.
2 Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не според сознанието.
3 Зашто, не знаејќи за Божјата праведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност,
4 бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува.
5 Мојсеј пишува за праведноста на Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив.“