11 А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“
12 Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат.
13 Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
14 Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда?
15 И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Колку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“
16 Но Евангелието сите не го послушаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“
17 Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.