Римјаните 10:13-19 MK2006D

13 Бидејќи секој кој ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен.

14 Но како да Го повикаат Оној во Ко­го не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да про­по­веда?

15 И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Кол­ку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“

16 Но Евангелието сите не го пос­лу­шаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“

17 Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.

18 Но велам: зар тие не слушнаа? На­против. „Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиш­тата на вселената.“

19 Пак велам: зар Израил не разбра? Најнапред Мојсеј кажа: „Јас ќе ве раздразнам до љубомора со оние кои не се народ; со неразумен народ ќе ве раз­гне­вам.“