8 А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,
9 зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;
10 бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
11 А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“
12 Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат.
13 Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
14 Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда?