Римјаните 11:1-7 MK2006D

1 И затоа, ви велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израилец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово.

2 Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израилев, ве­леј­ќи:

3 „Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас ос­танав сам, и сакаат да ми ја земат ду­ша­та.“

4 А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“

5 Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат.

6 Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.

7 И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,