Римјаните 11:12-18 MK2006D

12 Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.

13 Вам, незнабошци, ви велам; до колку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба,

14 та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам.

15 Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите?

16 Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките.

17 Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во соч­ниот корен на маслинката,

18 не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!