16 Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките.
17 Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката,
18 не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да знаеш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!
19 Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен.
20 Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: немој да бидеш горделив, туку имај страв.
21 Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, нема ни тебе да те поштеди.
22 Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во благоста; во спротивно, и ти ќе бидеш отсечен.