Римјаните 11:21-27 MK2006D

21 Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди.

22 Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен.

23 Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.

24 Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома ма­слинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.

25 Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израил, додека да нас­тапи потполноста на незнабошците.

26 И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.

27 И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“