24 Зашто, ако си ти откинат од маслинка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе бидат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.
25 Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израил, додека да настапи потполноста на незнабошците.
26 И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.
27 И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“
28 Со оглед на Евангелието, тие се непријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога заради татковците,
29 зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи.
30 Како што и вие некогаш бевте непослушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослушност,