3 „Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас останав сам, и сакаат да ми ја земат душата.“
4 А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“
5 Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат.
6 Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.
7 И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,
8 како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“
9 И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и отплата;