30 Како што и вие некогаш бевте непослушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослушност,
31 така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост.
32 Зашто Бог ги затвори сите со непослушност, па кон сите да покаже милост.
33 О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!
34 Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?
35 Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено?
36 Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!