33 О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!
34 Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?
35 Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено?
36 Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!