Римјаните 11:6-12 MK2006D

6 Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.

7 И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,

8 како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“

9 И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и от­плата;

10 да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“

11 Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.

12 Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.