1 Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба.
2 Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на вашиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено.
3 Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил.
4 Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не дејствуваат на еднаков начин,
5 така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг.
6 Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата;
7 ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поучување – нека поучува!