13 помагајте им на светиите во нивните потреби; трудете се да бидете гостопримливи;
14 благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги проколнувајте.
15 Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат!
16 Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри;
17 и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе.
18 Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе.
19 Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“