7 ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поучување – нека поучува!
8 Ако е пак за утешител – нека утешува; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја.
9 Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто;
10 Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.
11 Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ;
12 радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;
13 помагајте им на светиите во нивните потреби; трудете се да бидете гостопримливи;